Французите баш и не се прославија во дуелите од нокаут фазата, без постигнат гол стигнаа до полуфиналето. Во осминафиналето беа подобри од Белгија, а победија по автогол, додека во четврт-финалето по подоброто изведување пенали ја совладаа репрезентацијата на Португалија.
Поради ова селекторот на Франција реши да направи неколку тактички измени за следниот дуел на ЕП.
Тоа најмногу ќе го почувствува искусниот Антоан Гризман, кој според најавите ќе остане на клупата, додека од друга страна Маркус Тирам треба да го започне мечот.
🚨 Antoine Griezmann could be benched against Spain, with Didier Deschamps considering favouring quicker wingers. 😬
He does not appear athletically capable of providing sufficient added value in a match that requires fast counter-attacks. 👀🇫🇷@lequipe pic.twitter.com/8jN1f0wQKC
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) July 8, 2024
Гризман не покажа многу на претходните натпревари на ЕП, па ваквата одлука на Дешамп и не е толку изненадувачка.
Натпреварот меѓу Франција и Шпанија е закажан за 9 јули од 21 часот на стадионот во Дортмунд.