И дефинитивно раководството на нашиот шампион воопшто не се шегува. Покрај силните засилувања досега ова лето, од денеска и официјално нов член на Струга ТЛ е напаѓачот од Нигерија, Ланре Кехинде (30).
Кехинде изминатата сезона блескаше за Гостивар и беше еден од најдобрите напаѓачи во ПМФЛ и еден од најдобрите стрелци веднаш зад Марушиќ, Ибраими и Радески. Сега Кехинде со Бесарт и Радески ќе го предводи нападот на шампионот, а тука се и Малески, Компаоре…
Нема што, тренерот Ќатип Османи ќе биде на слатки маки на кого да му даде минутажа кога напаѓачите се во прашање.