Саул Нигез ќе го облече дресот на Севиља

121

Шпанскиот играч за врска Саул Нигез, ќе ја промени средината и следната сезона ќе настапува во дресот на Севиља. По 8 години поминати во Мадрид каде ги бранеше боите на Атлетико, тој одлучи да се пресели во Андалузија.

Севиља му понудила тригодишен договор и се очекува во најскоро време да се официјализира овој трансфер. Тој до сега настапи на 420 натпревари и постигна 48 гола во црвено-белиот дрес.

Саул имаше и мала авантура во Челзи во 2021 година каде играше како позајмен играч една сезона, но во Англија тој не се прослави и се врати назад во мадридскиот клуб.

ПретходноЃоковиќ фуриозно го мина и Руне за четвртфинале на Вимблдон
СледноПерез не се откажува, сака да биде претседател на Реал уште 4 години