Терим за испаѓањето на Турција: Ова беше најлесниот меч и моравме да го добиеме

2542

Легендарниот турски тренер, Фатих Терим без влакна на јазикот ја коментираше елиминацијата на Турција од ЕП. Популарниот Император го прозва селекторот Винченцо Монтела за одлуката екипата да се повлече по водството од 1:0 и определбата да го бранат својот гол.

Немавме никаква опасност пред нашиот гол додека не поведовме. Холандија го засили темпото и внесе некои играчи по што стана подобра. Ние премногу се повлековме, а тоа не смеете да го правите против Холандија. Со таков пристап не можете да оддолеете на притисокот на Холанѓаните“, рече Терим.

Според него ова бил најлесниот меч кој можел да се добие.
Ова беше најлесниот меч и мораше да го добиеме. Не можеш да победиш ако само се браниш. Можете да победите некогаш, но не и да бидете успешни. Нашата екипа има офанзивна сила и штета е што не ја искористивме до крај. Го поразот на овој меч Турција изгуби финале, а не полуфинале“, додаде Терим.

ПретходноНаваро направи сензација на Вимблдон – ја елиминира втората на светот
СледноАлчевски ќе игра во израелската Премиер лига