Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, за утре најави и прес-конференција на која ќе биде потпишан договор за генерално спонзорство со компанијата „Новоматик“.
Со новата сопственичка структура, Вардар треба да добие и стабилно спонзорско решение, што полека ќе и стави крај на неколкугодишната голгота на гордоста на македонскиот фудбал.
Соработката меѓу Вардар и Новоматик ќе биде потпишана утре во 12 часот, во просториите на компанијата.