Ракометарите на Вардар на 17 јули во Скопје ќе ги почнат подготовките за новата сезона. Стручниот штаб за тогаш го закажа првиот собир на тимот.
Според планот на стручниот штаб десет дена ќе се работи во салата во СЦ „Јане Сандански“. Потоа тимот заминува во Маврово каде ќе се одвива вториот дел од подготовките.
Подготовките во Маврово ќе бидат одработени во периодот од 26 јули до 3 август, по што екипата се враќа во Скопје.
Досега е сигурно дека екипата ќе учествува на два турнири, во Струга од 14 до 7 август, и во Охрид од 20 до 24 август.