Биелса: Фудбалот станува сè подосаден, ќе има се помалку големи играчи

962

Селекторот на Уругвај, Марсело Биелса предупреди дека фудбалот ќе стане се посиромашен и дека ќе има се помалку играчи и игра убава за око. Легендарниот тренер, познат под прекарот „Лудак“, смета дека моменталното, „вештачко“ зголемување на гледаноста во еден момент ќе застане и дека целиот спорт ќе биде во проблем. Причината за тоа гледа во фактот дека бизнисот го победува фудбалот и апелира да се преземе нешто.
Фудбалот има се повеќе гледачи, меѓутоа станува помалку атрактивен. Тоа што ја направи оваа игра најдобра во светот веќе не е најважно. Без оглед на тоа колку луѓе гледаат фудбал, ако не бидат задоволни, тогаш ќе биде проблем. Затоа што бизнисот го интересира колку луѓе гледаат. Сепак, за неколку години ќе има малку играчи кои заслужуваат да бидат гледани и дека сите помалку ќе уживаат во играта која ќе се игра, а вештачкото зголемување на гледаноста ќе заврши“, предупредува Биелса.

Фудбалот не е само петминутен „хајлајтс“, најзначајните делови од натпреварот. Фудбалот е многу повеќе од тоа, тоа е културен израз, начин на идентификација. Можеби има Уругвајци кои ги гледаат само најинтересните моменти од натпреварите на репрезентацијата, но тоа нема врска со суштината поради која народот се заљубил во фудбалот“, вели тренерот.

 

ПретходноМлад португалски фудбалер „исчезнал“ по ЕП, во случајот е вмешан и хрватски клуб
СледноЦентрален бек на Реал пред трансфер во Наполи