Де ла Фуенте пред дилема, дали е паметно ветеранот Навас да го чува Мбапе?

468

Репрезентацијата на Шпанија се пласираше во полуфиналето на ЕП, а таму ќе игра против Франција. Тројца фудбалери нема да бидат во можност да помогнат, а тоа се Дани Карвахал и Робин Ле Норманд поради картони. Повреден е уште Педри.

Па селекторот Де ла Фуенте за десната бековска позиција ќе мора или да експериментира или на терен да го испрати 38-годишниот Хесус Навас. Ако тој стартува ќе има тешка задача да ги запира брзите продори на Килијан Мбапе. Во друг случај ќе мора некој принудно да оди на таа позиција или да ја менува формацијата.
Друго прашање е кој на позиција „десетка“. Педри е повреден, па веројатно Дани Олмо од крило ќе мора да биде повеќе кон средината.

Мечот Шпанија-Франција ќе се игра во вторник од 21 часот.

ПретходноЦентрален бек на Реал пред трансфер во Наполи
СледноДерозан го напушти Чикаго и отиде во Сакраменто