По ангажманот на Мишел Олисе, Баерн Минхен ќе го комплетира и трансферот на португалскиот интернационалец Жоао Палиња кој ќе дојде од редовите на Фулам. Фудбалерот веќе ги поминал лекарските прегледи и се очекува да стави потпис на договор со „баварците“ до јуни 2028 година.
Неофицијално, сумата би била 50 милиони евра! Дефанзивниот играч за врска претходно играше за Спортинг Лисабон со две позајмици во Брага и Белененсес. Како илустрација, Фулам го донесе од Спортинг за 20 милиони евра.
Претходно Баерн освен Олисе ги донесе бекот Хироки Ито од Штутгарт за 23,5 милиони евра, левото крило Брајан Сарагоса од Гранада за 13 милиони евра и австралискиот крилен играч Нестори Иранкунда од Аделаиде кој засега ќе игра во вториот тим.
João Palinha’s saga is finally over
And I couldn’t be happier. #CalmaJoão pic.twitter.com/WUg5MQNQMG
— Bayern Guy (@TheBayernGuy_) July 3, 2024