Лапорта носи хит играч од Европското првенство

303
Фото: SpainIsFootball/Twitter

Нико Вилијамс е еден од најдобрите играчи на шпанската репрезентација на Европското првенство. Брилијантниот крилен напаѓач блескаше во текот на целиот турнир, а утре против Франција тој и неговите соиграчи ќе бараат пат до финалето на турнирот во Германија. Нико игра одлично по левата страна, додека Ламине Џамал (16) од Барселона игра исто толку добро на десната страна.

Навивачите на Барселона фантазираат за доаѓањето на Вилијамс, кој неодамна потпиша нов договор со Атлетик Билбао. Вилијамс во последните недели изјави дека е среќен во Билбао и дека нема намера да го напушти клубот. Неговиот договор со Баскијците трае до крајот на јуни 2027 година, но сега во приказната официјално се приклучи и Барселона.

Претседателот Жоан Лапорта е подготвен веднаш да му плати на Билбао излезна клаузула од 58 милиони евра.

“Финансиски сме подготвени за трансферот на Нико Вилијамс. Тоа е резултат на работата што ја направивме во последните години за да дојдеме до овој момент. Можеме да го реализираме овој трансфер. Нико ми се допаѓа многу, но спортскиот директор Деко и тренерот Ханси Флик одлучуваат“, изјави тој за Каталонското радио.

Според Transfermarkt, Вилијамс вреди 60 милиони евра. Тој е производ на фудбалската школа на Атлетик, а за репрезентацијата има три гола во 18 настапи. За Атлетик има 22 гола и 26 асистенции на 122 настапи, а способен е да игра и на двете крилни позиции. Тој минатата сезона со клубот го освои Купот на Шпанија.

ПретходноДејан Ѓуриќ уште една година во Вардар
СледноТопката со која ќе се игра полуфиналето и финалето на ЕУРО е поврзана со ВАР собата (ФОТО)