Перез не се откажува, сака да биде претседател на Реал уште 4 години

479
Фото: ФК Реал Мадрид

Флорентино Перез би можел повторно да се кандидира за претседател на Реал Мадрид.

77-годишниот функционер не ја исклучува можноста да учествува на изборите кои ќе се одржат во 2025 година. За ова Перез им кажал на луѓето околу него.

Во Реал се зборуваше дека актуелниот претседателски мандат би можел да биде последен за Перез, поради неговата возраст и здравствените проблеми. Сепак, ситуацијата е подобрена, а шефот на мадридскиот клуб верува дека може да остане на својата функција уште 4 години.

Перез е претседател на Реал Мадрид од 2009 година. Тој го водеше клубот и од 2000 до 2006 година. Така, доколку Перез биде реизбран, неговиот вкупен мандат ќе надмине 25 години.

ПретходноСаул Нигез ќе го облече дресот на Севиља
СледноБорусија Дортмунд се пофали со нов централен бек