Црвена Звезда спремила 3 милиони евра за црногорски талент

360

Српскиот шампион Црвена Звезда го пикирала талентираниот црногорски напаѓач Виктор Ѓукановиќ кој игра во Шведска во екипата на Хамарби. За младиот играч „црвено-белите“ издвоиле три милиони евра со што тој би влегол во рангот на еден од најскапите засилување во историјата на белградскиот клуб.

Инаку Ѓукановиќ во Хамарби заминал во јануари 2023 година од Будуќност од Подгорица, а во првата сезона овој играч на 25 меча постигнал 11 голови.
Виктор може да игра и како крилен и централен напаѓач. Одличен е „еден на еден“.
Звезда до сега во своите редови донесе седум засилувања: Пума, Сеол, Јовановиќ, Стојиќ, Анан и Далси.

ПретходноНекогаш вредеше 70 милиони евра, а сега само пет милиони
СледноНе размислува за пензија: Кристијано Роналдо има голем план со неговиот син