Англискиот репрезентативец Лук Шо зборуваше за тимот и селекторот Герет Саутгејт пред полуфиналниот меч на ЕП со Холандија.
„Играме ново полуфинале… Го обожаваме Герет Саутгејт. Мислам дека е многу добар тренер. Тој е човекот што ни треба. Кај него играчите се на прво место и затоа кога ќе излеземе се трудиме да го прикажеме најдоброто“, изјави Шо.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед позборува и за противникот:
„Која е слабата точка на Холандија? Мислам дека немаат слаба точка. Тие се многу добар тим. Тоа што е најважно е да победиме. Без разлика дали на луѓето им се допаѓа или не, но оваа игра нѐ доведе до полуфиналето. Тоа е најважно“.