Вечерва на „Алијанц арена“ во Минхен ќе се одигра првиот полуфинален натпревар од ЕП помеѓу „тешкашите“ Шпанија и Франција (21:00 часот). Ерата на славната „Фуријата“, која која два пати беше европски и еднаш светски шампион, заврши со ЕП 2012 година. Од тогаш шпанскиот национален тим прави болна смена на генерација. „Тика така“ веќе е научена тактика од страна на протиниците, па Шпанија долго време бара поинаков модел.
Многумина беа скептични кога Луис де ла Фуенте беше назначен за селектор, но тој направи нешто што претходниците не успеаја. Тој одбра група на фудбалери која игра тимски и која не бега од одговорност, на терен стави млади фудбалери и им даде голема задача (Педри, Јамал, Вилијамс…).
Засега Шпанија го прикажа најубавиот фудбал на ова ЕП. Тие беа единствени без примен гол во групната фаза, ги елиминираа Грузија (4:1) и Германија со гол на Мерино во продолженијата (2:1).
За овој меч Де ла Фуенте ќе ги нема Родри поради повреда, Ле Норманд и Карвахал поради картони. Ќе видиме како ќе изгледа Шпанија вечерва.
Франција не игра убав фудбал, но ги остварува резултатите. На селекторот Дидие Дешамп не му е грижа за тоа, дури на пресот се караше со новинарите на кои им кажа ако не им се допаѓа оваа Франција нека гледаат нешто друго.
Франција ја совлада Австрија во групата со 1:0, ремизираше со Холандија и Полска. Во осминафиналето ја победи Белгија со 1:0, во четвртфиналето Португалија по подобро изведување на пеналите.
Ќе видиме што можат Мбапе и другарите вечерва.