Бесарт Исаку (Струга ТЛ): Ние сме шампиони, имаме што да покажеме против Слован!

181

Утре во Словачка нашиот шампион по третпат во својата историја ќе ја започне својата летна одисеја во фудбалска Европа. Лани малку недостигаше Струга ТЛ да влезе во групите во Лига Конференции, а ова европско лето ќе го стартува од Братислава, каде утре со почеток од 19 часот во првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛШ, ќе ги одмери силите со силниот Слован.

Спортскиот директор на стружани, Бесарт Исаку, за „СпортСпорт“ пред утрешната средба со Слован, има свој коментар:

Јасно е дека имаме против себе силен противник, шампион на својата земја, иако без разлика кој ќе ни се паднеше исто така ќе имавме силен ривал. Ова се квалификации во ЛШ и нема дилеми дека учествуваат само квалитетни екипи, шампионите во своите земји. Слован во целост го респектираме, доволно е скениран, но за тоа е одговорен тренерот Ќатип Османи кој си ја знае работата. Реков дека го респектираме Слован, сепак ние сме шампиони и имаме што да покажеме на овој двомеч. Очекувам добар настап на нашиот тим кој ете успеавме осетно да го засилиме ова лето и посакувам добар резултат пред реваншот во Охрид следната среда“ истакна Исаку.

ПретходноКристијано Роналдо се претвори во вистински очајник
СледноУапсени француски репрезентативци во Аргентина