Финалистот на Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд се пофали со нов дефанзивец. „Милионерите“ ги засили германскиот репрезентативец Валдемар Антон кој дојде од Штутгарт, а договорот му е до 30 јуни 2028 година.
Неофицијално Дортмунд платил 22,5 милиони евра за 27-годишниот германски репрезентативец, инаку роден во Узбекистан.
Валдемар одигра 37 натпревари за Штутгарт минатата сезона постигна еден гол и запиша четири асистенции.
Тој ќе го замени Матс Хумелс кој ја напушти „Сигнал Идуна Парк“.