Вардар 1961 од вториот шешир ќе ја чека ждрепката за групната фаза во ЛЕ

176

Вардар 1961 директно ќе учествува во групната фаза во Лига Европа, потврди ЕХФ. Ова доаѓа откако Пелистер доби вајлд карта за Лигата на шампиони.

Лигата на Европа стартува на 8 октомври и ќе трае до 26 ноември, а според пропозициите, најдобрите две екипи од секоја група ќе продолжат во наредната фаза.

„Црвено-црните“ своите ривали за групната фаза ќе ги добијат на 19 јули, а ждрепката ќе ја чекаат од вториот шешир.

Покрај Вардар 1961, на европската сцена ќе ги гледаме Алкалоид, Тиквеш и Охрид, кои ќе бидат дел од ЕХФ Купот.

ПретходноУЕФА го презакажа терминот за мечот Тиквеш – Бреидаблик од 17:00 за 20:30 часот!
СледноРодри: Франција не е само Мбапе