Вимблдон: Медведев преку Синер со пласман во 1/2 финале, и Хрватска има полуфиналистка!

240

Данил Медведев е прв полуфиналист во машка конкуренција на годинашниот Вимблдо. Рускиот тенисер по голема борба и во пет сетови успеа да го победи Јаник Синер со 3:2 (7:6, 4:6, 6:7, 6:2, 3:6). во меч кој траеше речиси четири часа. Во еден момент на најдобриот тенисер според АТП листата не му беше добро, доби лекарска помош, но продолжи да игра. Сепак на крајот Италијанецот беше поразен.

Инаку и Хрватска има свој претставник во полуфиналето, но во женска конкуренција. Тоа е Дона Векиќ која во четвртфиналето славеше против Лулу Сан од Нов Зеланд со 2:1 во сетови (5-7, 6:4 и 6:1).

Тоа значи дека Хрватска во женскиот тенис по цели 25 години има полуфинале на Вимблдон. Тоа во 1999 година го направи Мирјана Лучиќ.

ПретходноМакедонија до 19 години на тренинг камп во Кичево
СледноКој е најбрзиот фудбалер, а кој претрчал најмногу во досегашниот дел од ЕП