Втората авантура во Лигата на шампионите Струга ТЛ ќе ја започне од од Братислава, каде утре ќе се соочи со многукратниот шампион на Словачка, Слован Братислава. Овој натпревар кој важи за првото елиминаторно коло во Лигата на шампионите ќе се одигра на стадионот „Техелне поле“ кој има капацитет од 25.000 седишта.
Додека играчите тренираа тренерот Ќатип Османи изјави на пресот во Братислава:
„Во подготвителниот период се трудевме да бидеме максимално подготвени да го дочекаме овој натпревар. Со работата што ја завршија играчите, но и пријателските натпревари, верувам дека сме подготвени за утрешниот натпревар“. – изјави тренерот Ќатип Османи, кој по изјавата за словачките новинари призна дека играат против најдобрата екипа од Словачка, Слован Братислава, екипа со традиција, која зад себе има 14 шампионски титули, од кои 6 во последните 6 години.
“Се работи за најдобриот тим во Словачка, клуб со традиција и многу добри резултати, па максимално ја почитуваме словачката Братислава. Се обидовме да ја анализираме играта на словачкиот тим на Братислава преку пријателските натпревари кои ги имаа, па дури и последните натпревари во првенството. Свесни сме дека утре можат да бидат сосема поинакви на теренот, поради некои играчи кои ги имаа на ЕП.Целосно сме фокусирани на утрешниот натпревар, да извлечеме добар резултат, позитивен резултат, кој би ни дал надеж за реваншот“ заклучи Османи.