Пред одигрувањето на полуфиналните натпревари на ЕП 2024 година познати се фудбалерите кои претрчале најмногу километри, но и оние кои се најбрзи.
„Дејли меил“ пишува дека најдолго растојание поминал англискиот репрезентативец Деклан Рајс кој има 63,9 километри по трите меча во групната фаза, осминафиналето и четвртфиналето.
По него се Гранит Џака од Швајцарија со 62 километри и Џошуа Кимих од Германија со 61 километар. Топ 5 ги заокружуваат Ремо Фројлер од Швајцарија со 59,7 километри и Фил Фоден од Англија со 58,2 километри.
А најзбр е Килијан Мбапе од Франција кој развил брзина од 36,5 километри на час. Во топ 3 се уште Феран Торес од Шпанија со 36 км/час и Бенџамин Шешко со 35,9 км/час. Следуваат Сане од Германија со 35,8 км на час и Михаила од Романија исто така со 35,8 км на час.
Bringing the speed ⚡️#EURO2024 pic.twitter.com/60h3HJR4cp
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) July 8, 2024