Кристијано Роналдо се претвори во вистински очајник

269

Страста и желбата на Кристијано Роналдо често се претвораат во очај. Така беше и во Германија на ЕП, а последиците од неговите фрустрации сега ги почувствува и неговиот соиграч.

Во четврт-финалето против Франција, Португалија се збогуваше со ЕП, а трагичар беше Жоао Феликс, а Кристијано Роналдо реши на свој начин да го „казни“ играчот на Атлетико Мадрид.

Имено, играчот на Ал Наср го одследи својот соиграч од репрезентацијата на Инстаграм по мечот со Франција и откако го промаши пеналот.

 

Ако го погледнеме профилот на Жоао Феликс, ќе видиме дека тој се уште го следи Кристијано Роналдо, а очигледно не му држел лутина.

Кристијано Роналдо како да заборави дека токму тој го промаши пеналот против Словенија кога Јан Облак го одбрани. Навистина потег со кој не може да се пофали лидерот на тимот.

Ќе паметиме дека Кристијано Роналдо плачеше меѓу двете продолженија на мечот со Словенија, а навистина може да се каже дека станува очаен иако неговите солзи се нешто на што сме навикнати.

ПретходноМЗТ потврди: Дамјан и Војдан остануваат во Аеродром, договорени се уште четворица Македонци
СледноБесарт Исаку (Струга ТЛ): Ние сме шампиони, имаме што да покажеме против Слован!