МЗТ потврди: Дамјан и Војдан остануваат во Аеродром, договорени се уште четворица Македонци

317

МЗТ Скопје ги потврди најавите на СпортСпорт за новата сезона во која лидери ќе бидат Војдан и Дамјан Стојановски, а во ростерот ќе останат голем дел од македонските кошаркари кои и лани беа дел од македонскиот првак.

„Ова беше еден од приоритетите на управата во пресрет на новата сезона, кој успешно беше завршен на радост на армијата навивачи на гордоста на Аеродром. За капитенот Дамјан ова ќе биде 12. сезона во сино-белиот дрес во која ќе ја брка јубилејната десетта титула, сите освоени со нашиот МЗТ. Пред Војдан, пак, е четврта сезона како член на нашиот клуб, откако првпат ни се приклучи на почетокот од 2022 година.

Обновата на соработката со браќата Стојановски е само продолжување на нашата клупска политика за формирање тим предводен пред се од квалитетни македонски кошаркари. Договор со нашиот тим имаат уште Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ, со што веќе имаме затворено половина од ростерот за средбите што нѐ чекаат во домашните натпреварувања и во АБА2-лигата.

Потпишувањето со Дамјан и Војдан е само почеток на ангажманот на нашиот клуб на летниот трансфер-пазар, што значи дека во следниот период ќе информираме за дополнителните засилувања меѓу кои ќе бидат квалитетни Македонци и неколку одлични интернационалци“, се вели во соопштението на МЗТ Скопје. 

ПретходноРаботнички потпиша нов странец!
СледноКристијано Роналдо се претвори во вистински очајник