Од денеска и официјално, Вардар има нов спонзор, сериозен спонзор и тоа во името на “Новоматик Македонија“. Потпишан е договор меѓу оваа компанија и ФК Вардар а во него стои дека “Новоматик Македонија“ со еден милион евра ќе го спонзорира нашиот најтрофеен клуб.
Милорад Миленковски, претседател на ФК Вардар на денешниот прес по поводи потпишувањето на договорот истакна:
“Долго време го чекавме овој момент. Целиот труд конечно се исплаќа. Ова нека биде тригер и за други компании во Македонија да се вклучат во целата оваа приказна. Благодарност до сите кои ја препознаа енергијата и кои што досега помагаа и што допрва ќе го помагаат најголемиот спортски бренд во Македонија. Ова е победа и награда за една екипа која што беше со нас цело време“ рече покрај другото првиот човек на ФК Вардар.
Во името на “Новоматик Македонија“, Марија Митевска исто така се обрати на присутните на пресот:
“Објавувам дека со еден милион евра годишно ќе го помагаме ФК Вардар. Веднаш да кажам дека немаме намера да го преземеме раководењето на клубот туку само ќе имаме претставник во управата кој што ќе биде еден вид на надзор околу работењето. Нашето лого ќе стои на дресовите на тимот. За нас енергијата која што ја носат Комити и навивачите на клубот беше клучна за да се одлучиме за ваков потег“ посочи Митевска.