Полувреме: Јамал е чудо, Шпанија води, Мбапе без маска! (ВИДЕО)

182

Заврши првото полувреме од првиот полуфинален меч на ЕУРО меѓу Шпанија и Франција. Води “Фуријата“ со 2:1, сепак за одбележување е фантастичниот гол на Ламине Јамал кој во 21.минута донесе израмнување на 1:1 и тоа со навистина спектакуларен погодок. Со овој гол тој сега е најмладиот стрелец на ЕП во историјата.

Франција поведе со голот на Коло Муани во 8.минута, додека во 25.минута по шутот на Олмо, топката удри во и заврши во мрежата на Мањан за водство на Шпанија.

Гледавме фантастично прво полувреме, вистинско полуфинале, а треба да се каже дека Мбапе игра без маска.

 

ПретходноБолоња тргнува по Миовски!
СледноОдлична вест: Раководството на Струга ТЛ обезбеди пренос на МТВ од утрешниот меч со Слован!