Работнички потпиша нов странец!

367

Екипата на Работнички продолжува со созадавање на ростерот за следната сезона во која покрај домашните обврски, одлучи да плати билет за АБА2-лига. Његош Сикираш е најновото име во „црвено-белиот“ дрес.

Станува за кошаркар кој игра на крилната позиција и доаѓа од тимот на Рогашка каде имал просек од 17 поени и 9 скока. 23-годишниот Босанец и раководството на клубот потпишаа едногодишна соработка.

И во следната сезона Работнички ќе биде предводен од Горан Самарџиев од кого се очекува да донесе титулата.

25-годишниот Михајло Јовичиќ претходно се договори со најтрофејниот македонски кошаркарски клуб.

ПретходноМартин Давков на голот на Брера
СледноМЗТ потврди: Дамјан и Војдан остануваат во Аеродром, договорени се уште четворица Македонци