Родри: Франција не е само Мбапе

88

Родри оцени дека францускиот тим не се сведува само на капитенот Килијан Мбапе, додавајќи дека репрезентацијата е една од најдобрите во последните години.

“Претпазлив сум за тоа што се зборува за него (Мбапе по неговата повреда). Го познавам, тој има способност да нападне во секој момент. Францускиот тим не е само тој. Сите играчи се бранат одлично, тие се многу опасно во контранапади“, изјави Родри.

Според него, Франција е селекцијата која одиграла најмногу финалиња, завршни фази на големи турнири во последните неколку години и која постигнала најмногу резултати.

“Тоа е екипа која е многу тешко да се победи. Ќе играме со наше оружје, ќе одиме во насока во која сакаме. Ќе одиме без страв, сигурно, бидејќи покажавме дека можеме да го победиме секој противник”, додаде. Родри.

Полуфиналниот натпревар Франција-Шпанија е на програмата вечерва од 21.00 часот во Минхен.

ПретходноВардар 1961 од вториот шешир ќе ја чека ждрепката за групната фаза во ЛЕ
СледноЕдна Македонка си отиде од Русија, друга дојде!