Двајца француски репрезентативци во рагби – Оскар Жегу и Уго Ораду се уапсени во Аргентина поради „сексуална агресија“ за време на јужномариканската турнеја, пренесува АФП.
Според локалниот печат, насилството се случило ноќта меѓу саботата кон неделата во хотелот „Дипломатик“ во Мендоза, каде што престојувале Французите.
Обвинителот побара итно апсење на обвинетите, кои моментално се наоѓаат во Буенос Аирес. Франција во вторник треба да отпатува за Монтевидео каде ќе игра против Уругвај.
Овој инцидент доаѓа само ден откако Мелвин Џејмин е суспендиран поради расни навреди. Во видеото на Инстаграм кое оттогаш е отстрането, тој по изборите во земјата објави дека ќе го удри со глава првиот Арап што го сретнел на улица.
Министерката за спорт Амели Оудеа-Кастера и честиташе на федерацијата за брзата реакција и прогласи „нулта толеранција за расизмот“.
Џејмин се извини за неговите зборови, објавувајќи на својот Инстаграм профил дека „длабоко жали и се срами од своите зборови“.