УЕФА го презакажа терминот за мечот Тиквеш – Бреидаблик од 17:00 за 20:30 часот!

421

Историскиот меч на Тиквеш во Европа в четврток, нема да започне од 17 часот како што беше првично закажано, туку од 20:30 часот. Оваа информарација попладнево пристигна во канцеларијата на кавадарчани, оваа промена на терминот УЕФА само го направила, со оглед на тоа дека во Македонија се пеколни горештини.

Па така првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Тиквеш и Бреидаблик се игра од 20:30 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.

Значи ќе се игра под светлоста на рефлекторите, секако дека немада биде толкава горештина ако се играше од 17 часот како што првично беше терминот.

ПретходноУапсени француски репрезентативци во Аргентина
СледноВардар 1961 од вториот шешир ќе ја чека ждрепката за групната фаза во ЛЕ