Утринава, како што и беше најавено, Струга Трим Лум од аеродромот во Охрид летна за Виена, од каде потоа со автобус ќе замине за Братислава. Познато е дека утре од 19 часот нашиот шампион ќе го одигра првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.
Добрата атмосфера во експедицијата на стружани беше евидентна, сите се решени да го дадат максимумот со цел да се дојде до добар резултат против силниот состав на првакот на Словачка.