Шкендија денеска отпатува за Истанбул, од каде утре ќе лета за Ереван (Ерменија) каде во четврток од 18 часот против тимот на Ноа ќе го одигра првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Со цел да не се загуби еден ден, играчите на стратегот Јетон Беќири во Истанбул ќе одработат еден тренинг, а утре во време на почеток на мечот ќе го одработат и оној вообичаен тренинф во Ереван.
Инаку од раководството на клубот информираа дека од овој меч ќе има директен пренос на МТВ со почеток од 18 часот.