Јунајтед се обидува да ја украде големата желба на Реал

543

Стоперот на Лил, Лени Јоро е еден од најбараните летово, а по Реал Мадрид во игра е и Манчестер Јунајтед.

Како што беше откриено денеска, Јунајтед испратил понуда од дури 60 милиони евра за талентираниот стопер, што е значително помалку од она што го нуди Реал Мадрид.

Сепак, проблемот е што Французинот сака само да премине во Реал Мадрид и што сепак приоритет му е „кралскиот“ клуб.

Од друга страна, Јунајтед има алтернативи, бидејќи Матијс де Лихт и Џарад Брантвејт се исто така реални опции, особено Холанѓанецот.

Се на се, се чини дека Јунајтед ќе се засили со двајца стопери, но големо прашање е дали и Јоро ќе успее да го претекне Реал Мадрид.

ПретходноКој е најбрзиот фудбалер, а кој претрчал најмногу во досегашниот дел од ЕП
СледноСпектакл во Минхен: Познати се стартните состави за полуфиналето меѓу Шпанија и Франција! (ФОТО)