Болоња тргнува по Миовски!

251

Бојан Миовски, нашиот најдобар напаѓач и член на Абердин би можел во летниот преоден рок да се пресели во Серија А и тоа во тимот на Болоња. Како што пренесуваат медиумите во Шкотска, раководството на Болоња го посакува Македонецот и спремна е да испрати официјална понуда.

Сепак проблемот е во тоа што италијанскиот клуб е спремен да понуди само два милиони евра, што секако е многу помалку од она што Абердин го бара за Миовски, а таа е околу 6-7 милиони евра.

ПретходноПријателска: Воска поразена од градскиот ривал!
СледноПолувреме: Јамал е чудо, Шпанија води, Мбапе без маска! (ВИДЕО)