Вардар 1961 директно ќе учествува во групната фаза во Лига Европа, потврди ЕХФ. Ова доаѓа откако Пелистер доби вајлд карта за Лигата на шампиони.
Лигата на Европа стартува на 8 октомври и ќе трае до 26 ноември, а според пропозициите, најдобрите две екипи од секоја група ќе продолжат во наредната фаза.
„Црвено-црните“ своите ривали за групната фаза ќе ги добијат на 19 јули, а ждрепката ќе ја чекаат од вториот шешир.
Покрај Вардар 1961, на европската сцена ќе ги гледаме Алкалоид, Тиквеш и Охрид, кои ќе бидат дел од ЕХФ Купот.