Карлос Алкараз – Данил Медведев е првото полуфинале на годинашниот Вимблдон. Прво Русинот го совлада Јаник Синер, за да потоа Карлито со 3:1 во сетови (5:7, 6:4, 6:2 и 6:2) во меч кој траеше три часа успеа да го победи Томи Пол од САД и со тоа да се пласира во полуфиналето.
Секако дека тоа полуфинале ќе биде спектакуларно.
Треба да се каже дека Карлито не го започна овој четвртфинален меч како што треба, токму затоа и го загуби првиот сет. Сепак во продолжение покажа класа и успеа да ги добие следните три сета со 6:4, 6:2 и 6:2.