Ѓоковиќ стана среде интервју: Трипати ме прашуваш исто!

766

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, но медиумите не беа премногу заинтересирани за тоа. По мечот главна тема беше неговата „запалива“ изјава за навивачите на Холгер Руне. Начинот на кој Србинот им се обратил во интервјуто на теренот и ги прати да спијат поради непочитувањето што го покажаa го обиколи светот. Како што обично се случува, реакциите се контрадикторни, некои го поддржуваат, некои го критикуваат за тие зборови.

Меѓу другото, Новак им порача „Добра ноооќ“, како јасна порака за тоа што направиле при бодовите и неспортското однесување. После тоа британски „Би-би-си“ имал прашања само за тоа, па поради тоа српскиот ас многу се налутил.

„И сега го чувствувам истото“, одговори Новак на првото прашање за тој детал.

Потоа дојде уште едно прашање за фановите и односот што го има со нив.

„Слушајте, како што кажав на теренот, благодарен сум на повеќето луѓе кои беа на стадионот и кои покажаа почит. Не е лесно да се остане кога цел ден гледаш тенис, не го земам здраво за готово. Публиката е една од главните причини зошто продолжувам да играм тенис .

Ниту новинарот не застана тука, па по трет пат го праша за тоа, по што следуваше прашање дали тоа го мотивира да игра уште подобро. Србинот вриеше:

„Имате ли други прашања освен публиката? Дали сте фокусирани само на тоа? Дали имате прашања за натпреварот или нешто слично или фокусот е само на тоа? Ова е веќе трето прашање, го кажав тоа што имам да го кажам“.

По кратка пауза го праша за следниот ривал Алекс де Минор против кого ќе игра во четвртфиналето. Со нетрпение го чекам тој натпревар, ќе биде тежок натпревар, рече Новак и стана од столчето, не сакаше да чека нови прашања…

ПретходноМурињо за Португалија: Не ми мирисаше на добро уште од Хрватска
СледноШкендија ќе одработи еден тренинг во Истанбул, од мечот со Ноа ќе има директен пренос на МТВ!