Стоперот на Лил, Лени Јоро е еден од најбараните летово, а по Реал Мадрид во игра е и Манчестер Јунајтед.
Како што беше откриено денеска, Јунајтед испратил понуда од дури 60 милиони евра за талентираниот стопер, што е значително помалку од она што го нуди Реал Мадрид.
Сепак, проблемот е што Французинот сака само да премине во Реал Мадрид и што сепак приоритет му е „кралскиот“ клуб.
Од друга страна, Јунајтед има алтернативи, бидејќи Матијс де Лихт и Џарад Брантвејт се исто така реални опции, особено Холанѓанецот.
Се на се, се чини дека Јунајтед ќе се засили со двајца стопери, но големо прашање е дали и Јоро ќе успее да го претекне Реал Мадрид.