Кутињо се врати во матичниот клуб

318

Бразилскиот Васко де Гама објави дека потпишал договор со поранешниот бразилски репрезентативец Филипе Кутињо. Се работи за едногодишна позајмица, а договорот на 32-годишниот играч од средниот ред со Астон Вила е до летото 2026 година.
Инаку минатата сезона тој ја помина како позајмен во Ал Духаил од Катар.
Така Кутињо се врати во својот матичен клуб. Тој е „дипломец“ на Васко де Гама и играше за првиот тим од 2008 до 2010 година, по што на 18 години се пресели во Интер. Играше и за Еспањол, Ливерпул, Барселона, Баерн Минхен.

ПретходноХамес Родригез се враќа во Мадрид, ама не во Реал?!
СледноПолувреме: Слован рутинирано до 2:0, на Струга ТЛ ВАР и поништи гол!