Заврши првиот дел од мечот во Братислава меѓу Слован и Струга ТЛ рамките на 1.квалификациско коло во ЛШ. Словачкиот шампион има водство од 2:0 и тоа со голот на Вајс во 16.минута, кога беше убаво проигран за да потоа излезе сам пред Дујмовиќ и не му беше тешко да стрела во мрежата на Струга ТЛ, додека во 36.минута Мак погоди за 2:0. Рутинирано, убедливо, лесно.
Нашиот шампион во 20.минута преку Кире Ристевски постигна гол, но од страна на ВАР беше поништен поради офсајд.