Струмица и Работнички во вторник ќе ги добијат ривалите во ЦЕВ Лигата на шампионите

47

Европската одбојкарска конфедерација на 16 јули (вторник) ја закажа ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите и во машка и во женска конкуренција. Македонија оваа година за првпат по долго време ќе има двајца преставници во најсилбното европско клупско натпреварување.

Во машка конкуренција веќе трета година едноподруго, шампионот Струмица ќе ги почне настапите од првата елиминациска фаза, каде по подолга пауза оваа година ќе се најде и нашиот шампион во женска конкуренција, екипата на Работнички.

Со оглед на тоа што македонската клупска одбојка нема висок рејтинг, во зависност од бројот на пријавени екипи, очекуваме и Струмица и Работнички да почнат уште во првата елиминациска фаза. Инаку ЦЕВ деновиве објави листи на по 20 екипи и во машка и во женска конкуренција кои ќе обезбедат директен пласман во групната фаза на натпреварувањето.

ПретходноАлександар Вареловски: Европа е сама по себе доволна мотивација!
СледноМакедонија со Летонија во нов термин, мечот почнува од 19 часот!