Шкендија ќе гостува кај ФК Ноа од Ерменија во рамките на квалификациите за Лигата на конференции. За претстојниот меч зборуваше тренерот Јетон Беќири.
„Имаме информации за ерменскиот фудбал, бидејќи нашите екипи, поточно Шкендија, неколку пати се соочиле со ерменски екипи. Го почитуваме ерменскиот фудбал и екипите од оваа земја“.
„Се спремивме да дадеме се од себе, но не е лесно да се прават многу прецизни анализи затоа што тимовите често се менуваат. Ние сме екипа која игра успешно во Европа во последните 10 години и имаме должност да се обидеме и да дадеме се од себе за да го одиграме најдобро.
Минатата недела имавме некои пречки околу мали повреди и вирус на фудбалер, кои се надевам дека ќе се подобрат до почетокот на натпреварот. Но, без разлика кои фудбалери ќе се појават на теренот, мислам дека сите се подготвени да го дадат својот максимум и да дадат добра презентација за резултат кој ќе ни овозможи во реваншот да се пласираме“.