Вардар Неготино се засили со пет фудбалери

1401

Македонскиот второлигаш Вардар од Неготино претстави фудбалери како нови играчи за претстојната сезона.

Мухамет Ахмети, 18 – годишен лев крилен напаѓач, кој играше со сениорите на ФК Беласица во Втората лига. Ахмети, исто така ги бранеше и боите на ФК Вардар и ФК Скопје. Иако не ја доби вистинската минутажа во тимот од Струмица, неговиот талент го забележа тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи со кој и потпишаа едногодишен договор со Тиквеш. Ахмети во Вардар доаѓа на позајмица до крајот на сезоната.

Давид Спасов, 19 – годишен фудбалер, член на младинскиот тим на клубот Брера Струмица. Спасов игра на позиција напаѓач, млад талентиран фудбалер на кого му претстои блескава иднина.

Претходно Вардар ги претстави Славе Вргов, голман кој дојде од Брера и исто така е дел од младинските репрезентации на Македонија.

Живко Крстев, 19-годишен фудбалер, член на младинскиот тим на клубот Брера Струмица. Станува збор за млад и надежен фудбалер кој со својот потенцијал во младинскиот шампионат изминатата сезона постигна дури 30 гола.

Дарко Донов е млад фудбалер кој ни доаѓа од редовите на ФК Брегалница и настапува на одбранбена позиција. Се работи за талентиран десен бек – играч со голем простор за напредок.

Вардар во подготвителниот период ќе одигра шест пријателски натпревари. Првиот меч ќе го игра на 17 јули против Вардарски.

ПретходноПолувреме: Слован рутинирано до 2:0, на Струга ТЛ ВАР и поништи гол!
СледноСудир на холандските и англиските навивачи во Дортмунд