Дешамп останува селектор на Франција до 2026!

87

Нема отказ, нема оставка и покрај лошата игра на Франција и елиминацијата во полуфиналето на ЕУРО 2024 од Шпанија. Дидие Дешамп останува селектор на Франција најмалку до 2026 година. Ова денеска го пишуваат медиумите во Франција кои се повикуваат на изјавата на претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Филип Диало кој потврди дека Дешамп ќе ја води селекцијата на Франција најмалку уште две години, до 2026, а тоа значи дека ќе ги предводи “триколорите“ и на СП 2026 година.

ПретходноИ Давид Бабунски би можел да го облече дресот на Данди Јунајтед?!
СледноЈамал во сабота ќе полни 17 години: Сега одиме по титула!