Жиру го одигра последниот натпревар во репрезентацијата

88

Репрезентацијата на Франција најверојатно немаше да го има успехот во последната деценија без Оливие Жиру. Рекордерот со 57 гола, шест повеќе од легендата на Арсенал, Тиери Анри, најави дека вчерашното полуфинале со Шпанија на Еуро 2024 беше негов последен меч во дресот со националниот грб.

Идниот играч на Лос Анџелес своето репрезентативно пензионирање го најави уште во мај.

И покрај тоа што не постигна гол, Жиру доби убави зборови од националниот селектор Дидие Дешамп.

„Ќе беше супер да го реши мечот, но не се случи. Сакам да му се заблагодарам за се што направи“, порача Дешамп по поразот од Шпанија.

ПретходноЧовек од обезбедувањето го удри Мората во коленото обидувајќи се да отстрани навивач од теренот (ВИДЕО)
СледноМладинците денеска против Црна Гора го отвараат ЕХФ ЕУРО