Македонскиот интернационалец Рамин Алии, кој досега беше дел од тимот на Скендербег од Албанија, направи трансфер во Белорусија. Неговиот нов клуб Ислок денеска го претстави како ново засилување.
Ислок во моментов го завзема десеттото место во тековниот шампионат на оваа земја.
Алии е некогашен У21 репрезентативец на Македонија, а е дете на Шкупи.