По се изгледа дека и натаму ќе се зголемува македонската колонија во Шкотска. Имено како што се шпекулира, покрај Кристијан Трапановски, уште еден наш репрезентативец би можел да го облече дресот на Данди Јунајтед, а тоа е играчот за врска Давид Бабунски, повозрасниот од браќата Бабунски.
Тој сега е без клуб откако му заврши договорот со Мезоковесд, клуб од Унгарија. Ова е олеснителна околност за раководството на Данди Јунајтед.
Да потсетиме дека покрај Кристијан Трапановски кој ова лето дојде во Данди Јунајтед, староседелци во Шкотска се и Бојан Миовски во Абердин и Давор Здравковски во Мотервил.