Копа Америка: Меси блесна со гол за финале на Аргентина

273

Аргентина се пласираше во второто последователно финале на Копа Америка, откако во првото полуфинале на турнирот кој што се одржува во Соединетите Американски Држави, го победи дебитантот Канада со 2-0. Ѕвездата на „гаучосите“ Лионел Меси го постигна својот прв гол на шампионатот и повторно блесна во дресот на Аргентина.

За прв пат по 31 година, Аргентинците ќе играат во финалето на Копа Америка како тим кој ја брани титулата. Последен пат тоа се случи во 1993 година на шампионатот во Еквадор, кога Габриел Омар Батистута постигна два гола во победата од 2-1 над Мексико во решавачкиот натпревар за трофејот.

Во 22. минута Хулијан Алварез со прецизен удар го отвори резултатот за водство на Артгентина од 1:0, а по само шест минути игра во вториот дел, Аргентина го удвои водството со голот на Меси.

Во финалето, кое ќе се игра ноќта меѓу 14 и 15 јули, Аргентина ќе се соочи со победникот од полуфиналето меѓу Колумбија и Уругвај.

ПретходноИ дефинитивно Меси има свој наследник: Ламине Јамал по магичната партија и тоа како му врати на Рабио! (ВИДЕО)
СледноОлмо: Не ми е гајле со кого ќе играме во финалето!