Иако се очекуваше дека оваа есенска полусезона сепак ќе биде во составот на Реал Мадрид, сепак повредата на Давид Алаба е далеку посериозна отколку што се претпоставуваше во прв момент. Освен тоа што во декември 2023 ги скина лигаментите, тој ја повредил и рскавицата на коленото па така ќе може да заигра дури на почетокот од следната година.
Алаба и поради оваа повреда го пропушти ЕУРО 2024 каде што Австрија беше елиминирана од Турција во 1/4 финалето.
Секако дека ова се лоши вести за Карло Анчелоти, ако се знае дека токму Алаба беше столбот на одбраната на “кралевите“ пред да се повреди.