Младинците денеска против Црна Гора го отвараат ЕХФ ЕУРО

142

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија денеска го започнува настапот на ЕХФ Европското првенство во Целје. Прв противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Црна Гора, мечот е прв на програмата во 12 часот.

Покрај Црна Гора во група со Македонија се уште репрезентациите на Австрија и Хрватска. Младинците веќе утре играат против Хрватска, а после ден одмор групната фаза а затвараат со Австрија.

Според новиот систем на натпреварување, кој е комплициран, 24-те селекции ќе одиграат осум натпревари.

По завршување на прелиминарната рунда учесниците ќе бидат поделени во три дел: Главна руна (1-8 место) во која ќе се пласираат победниците во шесте групи и најдобрите две второпласирани селекции.

Останатите четири второпласирани екипи заедно со четирите најдобро третоласирани ќе се разигруваат за пласман од 9-16 место, и тука се формираат две групи.

Последната рунда е за опстанок, наслабо двете третопласирани екипи заедно со најслабо четвртопласирани екипи, се формираат две групи.

ГРУПА „А“: Хрватска, Австрија, Ц. Гора, Македонија
ГРУПА „Б“: Германија, Португалија, Србија, Грција
ГРУПА „Ц“: Шпанија. Ф. Острови, Франција, Швајцарија
ГРУПА „Д“: Унгарија, Норвешка, Чешка, Романија
ГРУПА „Е“: Данска, Словенија, Италија, Израел
ГРУПА „Ф“: Шведска, Исланд, Полска, Украина

ПретходноЖиру го одигра последниот натпревар во репрезентацијата
СледноШпанија испиша рекорд: Шест победи по ред на едно ЕП