Шампионот вечерва од 19 часот во Братислава ја започнува својата нова европска одисеја или авантура. Струга ТЛ и да сакаше не можеше да одбере посилен ривал во двомечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шамионите. Слован е повеќекратен шампион на Словачка, убедливо најдобриот тим во таа земја. Тим за кој играат неколку репрезентативци на Словачка, селекција која беше една од најпријатните изненадувања на актуелното ЕУРО 2024.
Таму е и Тигран Барсегјан, некогашниот напаѓач на Вардар од времето на најславните денови на „црвено – црните“.
И тоа е тоа.
Сите знаеме дека Слован е екстра силен тим, но Струга ТЛ сака и може да дојде до триумф на овој двомеч и со тоа да го продолжи својот настап во квалификациите во ЛШ. Познато е дека со евентуален успех против Слован, момците на стратегот Ќатип Османи во следната рунда ќе игра против подобриот од двомечот меѓу Целје и Флора Талин.
Во случај на елимининација, тогаш нашиот шампион ќе игра во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции со поразениот од дуелот меѓу Динамо Минск и Пјуник.
Струга ТЛ сака и ова лето да биде долго, долго европско лето, барем како што беше и лани кога во плеј – офот во Лигата на Конференции не успеа да го мине Бреидаблик и да се пласира во груоната фаза.
Еве, ова лето нека биде така.
Сепак сега сите мисли во таборот на Струга ТЛ се кон вечерашното гостување на “Техелне Арената“ во Братислава. Се очекува добар настап на стружани, се очекува добар резултат за да во реваншот во Охрид за седум дека се остварат амбициите и желбите.
Инаку вечерва Струга ТЛ ќе го одигра својот 11-ти европски меч во својата историја. Во изминатите десет забележани се три победи, двапати било нерешено, а забележани се пет порази а гол разликата е 12:15.
Уште еднаш, нека биде ова за Струга ТЛ уште едно долго европско лето.