Олимпик Марсеј се договори со Манчестер Ј. за потписот на Гринвуд

158

Француски Олимпик Марсеј постигна договор со Манчестер Јунајтед за постојан трансфер на Мејсон Гринвуд.

Гринвуд тренира сам, додека клубот ја решава неговата иднина, кој се чини е веќе завршена работа, откако Марсеј и Манчестер Ј. си подале рака за договорот.

Французите ќе платат 26,7 милиони фунти за откуп на договорот на Гринвуд, од кои 23,3 милиони фунти се фиксни, додека во вид на бонуси се предвидени дополнителни 3,4 милиони фунти.

Јунајтед, исто така, треба да добие 50 отсто од секоја идна продажба.

ПретходноСаутгејт вечерва не може да смета на Лук Шо, дефанзивецот е повреден
СледноЛоши вести за Реал: Алаба се враќа дури во 2025 година!